Учесници од пет земји на обука за претприемништво во дигиталниот сектор во Скопје

Од:

Центарот за управување со знаење, денеска во Скопје започна тридневна обука за претприемништво во дигиталниот сектор со 50 учесници од пет земји, и тоа Македонија, Грција, Бугарија, Кипар и Албанија на балканско – медитеранската програма на Европската Унија. Обуката се организира во рамки на „i3 проектот“ или образование за идеи, инвенции и иновации и се фокусира на дигитaлниот сектор, односно новите технологии и нивната примена во бизнисот.

Станува збор за високософистицирани модуларни обуки во делот на претприемништвото и пет сектори што се опфаќаат во ИТ проектот, односно енергија, информатичките технологии, екологијата, животниот стил и високата технологија.

– На овој регион му се потребни енергијата и знаењето на младите перспективни студенти и идни претприемачи. Се соочуваме со сериозен одлив на кадри и застрашувачки дефицит од квалификувани луѓе кои можат да одговорат на посложени предизвици. Она што може најмногу да ни помогне, на малите држави, што имаме амбиции да бидеме успешна приказна во Европската развојна политика, се креативноста и иновативноста, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Додаде дека можности што ги дава работилницата се обезбедување нови знаења и вештини, но и можност за зближување на младите луѓе од регионот, заедничко градење капацитети, размена на информации, градење на контакти и пријателства што во иднина можат да прераснат во заеднички бизниси.

– Малите и средните бизниси се двигатели на економскиот раст и сериозен потенцијал за отварање на нови работни места. Ваквите високоспецијализирани обуки даваат можност за стекнување на нови знаења во областа на информатичката технологија, и вештини за управување со високотехнолошки процеси, вештачка интелигенција, мултимедија, маркетинг и е-комерц, изјави Фазлиу.

На учесниците им посака да бидат храбри и креативни, да учат и соработуваат, затоа што како што рече вмрежувањето е исто толку важно колку и знаењето.

Директорката на Центарот за управување со знаење, Андријана Богдановска изјави дека целта на овие обуки е да им се помага и на постоечките претприемачи да дојдат до солидни идеи за своите бизниси, но и на тие што сакаат да започнат стартапи, како да дојдат до успешни идеи, а во исто време им овозможува многу силно да се поврзат со регионот да најдат соодветни и веродостојни партнери со кои можат понатаму да соработуваат и да растат.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска