Тутунот предаден во Центротабак сè уште неисплатен на пелагониските тутунари

Од:

Околу 60-ина тутунари подготвуваат колективна тужба, бидејќи околу 75 тони ферментиран тутун од ланската реколта, предаден во Центротабак, сè уште не им е исплатен.

Центротабак од вкупно 224 тони откупен тутун не подмирила обврски за околу 75 тони тутун- производство од пелагонискиот и Од радовишкиот регион. Револтираните тутунари очекуваат Државниот инспекторат за земјоделство да ги преземе потребните мерки предвидени во законот.

Компанијата Центротабак Велес, која досега откупуваше за потребите на Ровињ, Хрватска, неофицијално се наоѓа во финансиски потешкотии, па не ги подмирила обврските не само кон тутунарите туку и кон Сојузот и кон Институтот за тутун во Прилеп.

Не е првпат откупните компаниите навреме да не ги испочитуваат роковите за исплата, но во овој случај последниот збор треба да го даде Државниот инспекторат за земјоделство, при што не е исклучена можноста за конфискација на предадениот тутун, кој подоцна може да биде пренаменет за некоја друга откупна компанија или, пак, за државните резерви и на тој начин да се обештетат тутунарите.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Стомнароски: Откупот на тутунот нема да почне без зголемени цени

Родот на тутунот намален за 30 до 40 отсто