Турски конзорциум ќе гради најголем аеродром во државата

Од:

Конзорциум од пет турски компании победи на тендер за изградба и управување со трет аеродром во Истанбул што ќе биде меѓу најголемите во светот.

Партнерство предложија градежните компании Лимак, Колин, Ченгиз, Мапа и Кајлон и победија на тендер на кој предложиле 22,1 милијарда евра за 25-годишна концесија. Изградбата на аеродромот со шест писти и четири терминали, ќе чини седум милијарди вера.

Владата тврди дека аеродромот ќе може да опслужу околу 150 милиони патници годишно и ќе го направи 15-милиониот Истанбул важен регионален центар. Според телевизијата НТВ аеродромот ќе биде со димензии колку 800 фудбалски игралишта. Сегашниот најголем аеродром Ататурк, годишно опслужува 45 милиони патници.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски