Турски „Арчелик“ купува 60 проценти од бизнисот на „Хитачи“

Од:

Турскиот производител на бела техника „Арчелик“ денеска соопшти дека потпишал договор за преземање на 60 проценти од бизнисот со апаратите за домаќинство во странство на јапонската компанија „Хитачи“, а вредноста на договорот изнесува 300 милиони американски долари.

Аквизицијата ќе се реализира преку формирање заедничка компанија на „Арчелик“ со јапонскиот индустриски конгломерат.

Според договорот, „Арчелик“ ќе купи 60 проценти од акциите на новата компанија што „Хитачи“ ќе ја основа во Холандија, што ќе го комбинира бизнисот со домашни апарати на 12 странски подружници во сопственост на јапонската групација, се наведува во соопштението на „Арчелик“, пренесе бизниз сајтот „Seennews“ .

Во составот на новата заедничка компанија ќе влезат продажните компании на „Хитачи“ во Тајланд, Кина, Хонг Конг, Тајван, Сингапур, Малезија, Индонезија, Блискиот Исток, Виетнам и Мјанмар, како и две подружници со производствени капацитети во Тајланд и Кина.

Комбинираниот нето-промет на странските компании за бела техника на „Хитачи“, во кои сега „Арчелик“ станува мнозински сопственик, изнесуваше околу една милијарда американски долари во фискалната година, што заврши на 31 март.

Трансакцијата меѓу „Арчелик“ и „Хитачи“, која ќе треба да добие зелено светло од страна на надлежните регулаторни тела, треба да заврши до 1 април 2021 година.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски