Туристичко-угостителскиот сектор го реафирмира барањето за итна смена на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Од:

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, Туристичко-угостителската комора на Македонија во рамки на Сoјузот на стопански комори (ССК) и Националната асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) го реафирмираат барањето за итна смена на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.

Како што соопшти ССК, ова е став на над 95 отсто од претставниците на туристичко-угостителскиот сектор. Тие подолго време укажуваат на некооперативност, дисфункционалност и непродуктивност на ресорната институција одговорна за промоција и поддршка на туризмот, за што, потсетува ССК, на 28 октомври 2020 година јавно побараа итна смена на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а кон ова барање се приклучи и Независната угостителска комора (НУК).

-Последните години директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со својата несовесна и неправилна работа предизвика нарушување во вршењето на работите на Агенцијата и причинува штета која континуирано ја прикрива преку театрална симулација на активности, ги занемарува и не ги извршува обврските со што се нарушува вршењето на дејноста од интерес на Агенцијата, што отвора сомнежи за незаконско постапување. Како последица на ваквиот однос во прашање е доведена функционалноста на институцијата која со вакво раководење нема капацитет соодветно, прецизно и навремено да ја информира Владата за состојбите во реалниот сектор, ниту поседува авторитет да ја претставува Владата пред стопанството и јавноста, со што се предизвикува штета со големи последици која се заканува да ги обезвредни сите досегашни мерки и заложби на Владата посветени на туризмот, стои во соопштението.

Според туристичко-угостителските работници, високата институционална ефективност и ефикасност, односно неопходноста од подготовка и реализација на план за ревитализација на секторот, претставуваат потреба од највисок степен за опстанок и развој во периодот кој следува.

-Затоа бараме позицијата директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот да биде на предлог на реалниот сектор преку стопанските комори и туристичките асоцијации, за што постои подготвеност веднаш да се достави консензуален предлог од страна на стопанството за носител на функцијата директор при АППТ кој ќе биде кооперативен пред се со реалниот сектор, а секако и задолжително со Владата и другите државни институции. Воедно бараме Владата итно да го конституира Комитетот за туризам како владино тело од највисок ранг кое ќе ги разгледува предложените мерки, студии, проекти од областа на туризмот кое ќе дејствува како механизам за изнаоѓање решенија и надминување на пречките за развој на туризмот особено во кризни ситуации, наведува ССК и додава дека прифаќањето на барањето на бизнис секторот ќе претставува јасна политика на поддршка на секторот, но и поддршка на секторот кон државните политики.

Би можело да ве интересира

Угостителските услуги за една година поскапеле за 6,3 отсто

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски