Турција планира да го забрани намалувањето на бројот на вработени во следните три месеци

Од:

Турција планира да го забрани намалувањето на бројот на вработени во рок од три месеци, со цел да се намали влијанието на новиот коронавирус врз работниот тек во земјата.

Владата во моментов разговара со деловната заедница во Турција.

Според планот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, ќе може да се продолжи забраната за прекинување работен однос на работодавецот со вработениот до шест месеци.

Сепак работодавците ќе имаат право да им дадат на своите вработени неплатен одмор.

Во тој случај вработените ќе добијат надоместок од околу 39,24 лири (5.30 евра) од Државниот фонд за обештетување при невработеност.

Освен тоа Владата на Турција предвидува грижа и во итни случаи како што се епидемија, земјотрес, природни непогоди и слично за возрасните лица, лицата со посебни потреби и други социјални групи, без да ја зема предвид нивната финансиска состојба.

Владата на Турција исто така го одложи плаќањето на сите даноци и расходи на општините за време на епидемијата, без камати и зголемувања.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски