Турција очекува авио-сообраќајот да се нормализира до крајот на јуни

Од:

Турскиот министер за туризам Мехмет Нури Ерсој денеска изјави дека очекува авио-сообраќајот да се нормализира до крајот на јуни, бидејќи сега авио-компаниите ги откажаа повеќето летови заради пандемијата од коронавирусот.

Ерсој за телевизијата Сои-Ен-Ен Турк кажа дека прво ќе заживее воздушниот сообраќај од Азија. Потоа, како што кажа, ќе следат летови од Русија, балканските земји и Европа. Домашниот воздушен сообраќај, исто така, треба да се обнови, додаде тој, пренесен од британските медиуми.

Компанијата „Туркиш Ерлајнс“ ја продолжи одлуката за откажување на сите летови до 1 мај, освен на неколку локални релации, а компанијата „Пегасус Ерлајнс“ ги има откажани сите летови.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски