Трошоците на живот во септември на месечно ниво пониски, на годишно ниво раст од 0,3 отсто

Од:

Трошоците на животот во септември годинава, во споредба со септември лани, бележи пораст од 0,3 отсто, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември годинава, во однос на претходниот месец бележат намалување од 0,6 отсто, а цените на мало 1,4 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 3,9 отсто, свежото и разладеното овошје за 2,8 отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 1,9 отсто, другите прехранбени производи за 1,7 отсто, оризот за 0,8 отсто, брашното и другите житарици за 0,5 отсто, млекото, маслото и маснотиите за 0,3 отсто и јајцата за 0,2 отсто.

Намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 20,2 отсто, туристичките пакет-аранжмани за 10,5 отсто, услугите за сместување за 6,5 отсто, гасот за домаќинствата за 2,3 отсто, домашните миленици и сродни производи за 1,2 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, игрите, играчките и хобијата за 1,1 отсто, цврстите горива за домаќинствата, опремата за спорт и кампирање во природа за 0,9 отсто, конфекцијата за 0,7 отсто, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 0,6 отсто, средствата за чистење и одржување на станот, другите печатени материјали за 0,5 отсто, книгите за 0,4 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата, другите лични предмети за 0,3 отсто, текстилот за домаќинствата, автомобилите, другите услуги неспомнати на друго место за 0,2 отсто.

Пораст на индексот на трошоците на животот во септември 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сирењето и урдата за 1,3 отсто, свежата и ладена риба за 0,6 отсто, другите пекарски производи за 0,5 отсто, месото за 0,4 отсто и јогуртот за 0,3 отсто.

Во септември 2019 година, пораст на индексите на трошоците на животот исто така е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 6,2 отсто, информатичката опрема за 1,7 отсто, другото образование за 1,4 отсто, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема, телефон и телефакс опремата за 1,2 отсто, течните горива за домаќинствата, велосипедите за 1,1 отсто, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, накитот и часовниците за еден отсто, угостителските услуги за 0,5 отсто и опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,3 отсто.

Би можело да ве интересира

„Економист“: Македонија на 77 место од 167 држави, во категоријата „хибридни режими“

А1он

Третина од домаќинствата имаат проблем со навремено плаќање на режиските трошоци

Ана Ололовска

Потрошени 675 илјади евра за новогодишно украсување низ земјава

Ана Ололовска

Западниот Балкан старее, младите мигрираат поради економски причини, но и поради корупцијата

Ана Ололовска

Истражување: Еден процент од граѓаните можат да купат стан, 12% немаат ниту за храна

Ана Ололовска

Трошоците на живот пониски во октомври

Ана Ололовска