Трошоците на живот пониски во октомври

Од:

Трошоците на живот во октомври во однос на септември годинава се намалени за 0,01 процент, а цените на мало за 0,5 проценти. Споредено со октомври лани бележат намалување за 0,2 отсо, односно 1,6 отсто, објави денеска Државниот зваод за статистика.

Во октомври во споредба со септември годинава трошоците на живот се намалени кај сувото овошје и јаткастите производи за 4,3 проценти, свежото и разладеното овошје за 2,2 отсто, свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,2 проценти, свежата и разладена риба за 0,7 проценти, јајцата за 0,3 проценти, оризот, другите преработки од месо, маслото и маснотиите, жестоките пијалаци за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на живот има и кај авионскиот превоз на патници за 20,9 проценти, туристичките пакет-аранжмани за 4,5 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 3,2 проценти, другите финансиски услуги неспомнати на друго место за 2,1 процент, дисковите, касетите, дискетите, ЦД-ромовите, филмовите за 1,8 процент, телефон и телефакс опремата за 0,8 проценти, одржувањето и поправката на сопствените сообраќајни средства за 0,3 проценти, ткаенините, опремата за спорт, кампирање и рекреација во природа за 0,2 проценти.

Пораст на трошоците на животот во октомври 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сушеното, соленото и чаденото месо за 1,1 процент, другите прехранбени производи и цигарите за 0,7 проценти, виното за 0,5 проценти, трбушките, млекото за 0,4 проценти, месото за 0,3 проценти, другите пекарски производи, минералната вода, газираните пијалаци, сокови од овошје и зеленчук за 0,2 проценти.

Во октомври има пораст трошоците на животот, исто така, е забележан и кај гасот за домаќинствата за 5,8 проценти, информатичката опрема за 2,1 процент, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за два процента, цврстите горива за домаќинствата за 1,5 проценти, конфекцијата за 1,4 проценти, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 1,3 проценти, отпадната вода за 0,9 проценти, автомобилите, велосипедите и домашните миленици и сродни производи за 0,8 проценти…Пораст бележат и текстилот за домаќинствата, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,7 проценти, средствата за чистење и одржување станот, електричните апарати за лична хигиена за 0,5 проценти, снабдувањето со вода, големите електрични апарати за домаќинствата, другите медицински производи, другите услуги, неспомнати на друго место за 0,4 проценти, обувките за 0,3 проценти,…

Би можело да ве интересира

Потрошени 675 илјади евра за новогодишно украсување низ земјава

Ана Ололовска

Западниот Балкан старее, младите мигрираат поради економски причини, но и поради корупцијата

Ана Ололовска

Истражување: Еден процент од граѓаните можат да купат стан, 12% немаат ниту за храна

Ана Ололовска

Државниот завод за статистика ќе ги тужи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ поради клевета

Ана Ололовска

Трошоците на живот во септември на месечно ниво пониски, на годишно ниво раст од 0,3 отсто

Ана Ололовска

Општините лани спровеле јавни набавки во вредност од 97 милиони евра

Ана Ололовска