Трипуновски: Власта ги намалува субвенциите за земјоделците, во ек на криза се оставени сами на себе

Од:

Власта со новата програма за директни плаќања во земјоделството крати повеќе од 40 милиони евра , и во ек на криза земјоделците и оваа година ќе бидат оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат рече на прес конференција претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски.

– Во програмата за директни плаќања за 2022 година која што е објавена во Службен весник на Република Македонија и во мерката 1, каде што се предвидуваат директните плаќања за растително производство 2 милијарди денари. Две милијарди денари се во вкупен износ во 32,5 милиони евра. Во мерката 2 директни плаќања во сточарството, владата предвидува мизерни 3 милиони евра субвенции за оваа категорија на земјоделци. Во новата програма исто така се врши кратење од 300 денари за задржано женско јагне каде што сега субвенцијата изнесува 700 денари, а минатата година беше 1000 денари, а сега е 700. Помножено со вкупниот број на овци и јагниња кои што се одгледуваат во државата добиваме сума од 3,5 милиони евра кратење во овој сегмент. Тоа значи дека сите сточарски гранки во Македонија вклучувајќи го свињарството, говедарството, живинарството, производителите на млеко и месо нема да можат да добијат субвенции во наредната 2022 година, вели Трипуновски.

Со мерката 11 које е за останатите обврски од претходните години според Трипуновски власта признава дека субвенциите не се исплаќаат навреме, оваа мерка со 16 милиони евра предвидени средства практично е признание на власта дека имаме неисплатени субвенции од претходни години.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски