Трипуновски: СДСМ бара партиска книшка од земјоделците за да исплати пари за штетите од поплавите

Од:

„Утрово дојде Екрем на пријавницата и побара средба со мене на која што веднаш одговорив. Екрем за жал бил малтретиран со години и бил препраќан од институција до институција бидејќи си ги бара своите реално заслужени пари во однос на штетите од 2016 година“, рече дополнителниот заменик министер за земјоделство, Цветан Трипуновски.

„Самиот ни кажа и дека врз партиска основа бил манипулиран и дали бил член на СДСМ. Јас она што можам да го направам во овој момент е дека максимално ќе се заложам да го проверам овој случај и зошто се уште се доцни со оваа исплата со која што навистина претрпел големи штети во поплавата во 2016 година

Мене не ме интересира политичка партија, ниту ме интересира верска припадност, јас земјоделците едноставно не ги делам и за мене тие луѓе се луѓето кои ја хранат Република Македонија. На македонскиот земјоделец му е уништено достоинството и ова е само еден пример каде навистина она што го говорам е реално поткрепено со факти“, кажа дополнителниот заменик-министер Трипуновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата