Трипуновски: Не смее да се дозволи извоз на брашно

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, коментирајќи ја одлуката на Министертсвото за економија донесена денеска по средбата со мелничарите, на својот фејсбук профил напиша дека извоз на брашно не смее да се дозволи.

-Во ек на коронавирус, кога сите држави воведуваат рестриктивни мерки за извоз со цел обезбедување доволно храна и други намирници кои се потребни за непреченото функционирање на животот на граѓаните, без тие да ги трпат негативните ефекти како недостаток на намирници и покачени цени, нашата влада сака да ја укине забраната за извоз на брашно. Внимавајте, Македонија не може од сопствено производство на пченица да ги задоволи ниту сопствените потреби за лебно зрно и брашно, а сега во ек на криза сакаме да извезуваме брашно, наведува Трипуновски.

Според него, нормално е поедини-трговци во борба за денар повеќе да сакаат да продаваат надвор, но ненормално е државата тоа да го дозволи. Обврска на Владата е да го заштити домашниот пазар.

-Зошто не смее да се дозволи извоз на брашно: 1. Македонија е држава која и сама увезува пченица за задоволување на сопствените потреби. Никој не знае каква ќе биде реколтата годинава, ниту во нашата држава, ниту во светот. Секое зрно е важно. 2. Може да се јави забрана за увоз на пченица, со што ќе нема како да се произведе брашно за македонскиот пазар и 3. Големиот извоз ќе предизвика намалување на домашните залихи и поскапување на цените, пишува дополнителниот заменик-министер.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Системите за наводнување се руинирани и неисчистени, водата и годинава ќе биде проблем за оризопроизводителите

Трипуновски: Од 2019 година до денес не е извршено порибување со Охридска пастрмка со што сериозно го загрозува рибниот фонд

Трипуновски: Заради неспособноста на власта зелката во струмичкиот регион се откупува за 15 денари

Трипуновски: Земјоделците од Радовиш повторно ќе останат без вода за наводнување заради лошото менаџирање со браната Мантово

Трипуновски: Николовски повторно лаже, донел и потпишал решение за престанок на важност на договорот

Ковачевски за обвинувањата од Трипуновски: Тој доаѓа од партија што смета дека вино се прави од стиропор

Орце Костов