Трипуновски на средба со земјоделци

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска имаше средба со неговите советници од тимот земјоделци со кои разговарал за нивните приоритети и проекти од кои имаат потреба.

Дел од сугестиите, како што соопштуваат од кабинетот на дополнителниот заменик-министер, ќе влезат во нивната програма за претстојните парламентарни избори.

-Советниците ми посочија дека се уште има недоисплатени субвенции. Земјоделците посочија дека при откупот на земјоделските култури им се запираат по два отсто од УЈП на име данок, пари кои Заев и Димковски ветија дека ќе им бидат вратени на земјоделците, но се уште ништо не е направено, рече Трипуновски.

Како што соопшти, земјоделците стравуваат дека акумулациите се празни и дека претстојната година ќе биде катастрофална, како за оризот, така и за сите земјоделски култури.

-Лозаро производителите алармираа за ставање заштитна цена и уште сега да се седне на иста маса со винарските визби. Алармирав дека државата мора да им помогне и на винарските визби, со цел сигурен откуп. Тутунарите посочија на популизмот на власта, која се фали со 80 денари откупна цена на тутунот од прва класа, но не кажуваат колкава е бројката на тутун од прва класа, односно само мал процент на земјоделците земаат 80 денари субвенции. Тутунарите нагласија дека тутунот и да се дооткупи, тој ќе биде по многу ниска цена. Сточарите посочија дека иако на светскиот пазари цената на килограм јагнешко е иста, а во Македонија цената паѓа, иако целото производство е наменето за извоз. Сточарите го демантираат Димковски и посочуваат дека во Македонија нема повеќе од 400.000 овци, односно дека оваа гранка е во пад. Нотиравме проблеми и во делот на градинарското производство,земјишната политика. Констатиравме дека земјоделството е во катастрофална состојба и дека по 12 ќе мора да следува обнова во секоја гранка, вели дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Правила за движење на земјоделците во време на полициски час

Ана Ололовска

МЗШВ: Поефикасен пристап до апликацијата „Понуда-Побарувачка“

Ана Ололовска

Раноградинари од струмичко: Не се почитува договорената откупна цена на пролетната зелка

Ана Ололовска

За 28 отсто е зголемен извозот на зелка годинава споредено со минатата година

Ана Ололовска

Во ПЕ на Министерството за земјоделство-Велес на земјоделците им се делат времени дозволи за движење

Ландов

Увезените краставици од Албанија не ја нарушуваат состојбата на домашниот пазар

Ана Ололовска