Трипуновски: Институциите итно да го разрешат случајот со Мојсовски

Од:

Додека земјоделците мака мачат да ги прехранат своите семејства, пајташите на власта сеат страв, се закануваат и уценуваат.

Административецот Томе Мојсовски, платен од народни пари да биде во функција на производителите, глуми Ал Капоне. Ги повикувам институциите да реагираат и итно да го разрешат случајот, во најбрз можен рок, рече денеска дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

Тој на прес-конференција во Министерството обвини дека СДСМ три години функционира како мафијашко здружение.

-Разговорот што вчера излезе во медиумите е само еден доказ како функционира СДСМ кога е на власт, закани, уцени и притисоци. Разговорот е доказ за криминал. Ако Трајан сакал да изврши притисок за не спроведување закон, како што рече вчера на прес-конференција, зошто не го пријавил тоа кај надлежните институции, истакна Трипуновски.

Според него, Зоран Заев, Љупчо Николовски и Трајан Димковски се фатени во криминал „до гуша“, но ќе одговара секој што го прекршил законот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата