Трипуновски: Функционер на СДСМ потпишувал документи на МЗШВ, иако невработен

Од:

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска обвини дека СДСМ и актуелниот ресорен министер Трајан Димковски дозволиле лице кое не е вработено во Министерството за земјоделство да потпишува документи, акти и да одлучува по предмети.

Поради тоа, истакна Трипуновски, ниту еден од овие документи нема правна сила.

-Партискиот функционер на СДСМ од Кратово, Љубен Цветанов, во период од 1 до 10 октомври 2019 година, иако бил невработен, потпишувал документи и акти на Министерството како да е службено лице. Цветанов до 1 октомври 2019 година, бил вршител на должност раководител на Подрачна единица на МЗШВ во Кратово, по што има прекин во работниот однос од 10 дена, период во кој е невработен. На 10 октомври е примен на работа во МЗШВ на работно место наменето за Албанец, по што, од 10 до 31 октомври се води како вработен во МЗШВ, а извршува работни задачи во Кратово и повторно спротивно на закон потпишува и спроведува документи и акти. Фактички, Цветанов или се декларирал како Албанец или некој во МЗШВ го прекршил законот, рече дополнителниот заменик-министер.

Според него, криминалот што го прават Цветанов и Димковски е неовластеното раководење со Подрачната единица.

-Криминалот и забеганоста на власта одат до таму што самиот Љубе Цветанов во период додека е невработен, сам себе си дава овластување да се пријави во АВРМ. Ова овластување кое си го дал сам на себе е правно невалидно. Ова овластување не може да произведе правно дејство, исто како што не можат да произведат правно дејство сите други документи кои ги потпишувал. И за ова тој може да биде утужен од сите странки кои се јавиле во постапки во кои тој одлучувал, рече Трипуновски и најави дека како дополнителен заменик-министер ќе поведе постапка против Цветанов до дисциплинска комисија.

Трипуновски воедно го повикувам Јавното обвинителство да го истражи случајот, за да се утврди, како што рече, одговорност за непосредно надредениот во МЗШВ кој го дозволил ова, но и за Трајан Димковски како министер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата