Трипуновски до Димковски: Мерките ви се неефикасни и популистички

Од:

„Безуспешни се обидите на Трајан Димковски и СДС да го одвлечат вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат земјоделците откако СДС е на власт. Имено, мерката „зелена нафта“ е крајно неефикасна и популистичка мерка бидејќи на земјоделците им се нуди смешна дури и навредлива сума која не значи никаква помош“, реагира Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Трајан Димковски.

„Дополнително на ова, јас во неколку наврати остро реагирав дека владата на СДС подели само 55.000 картички за зелена нафта, додека во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци, поддршката треба да биде за сите категории на земјоделци во кои ќе влезат и сточарите и тутунарите.

Доколку навистина сакаа СДС да им помогнат на земјоделците, тогаш ќе поделеа картички на сите земјоделци, и ќе го прифатеа барањето на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на нафтените деривати, како и да се даде потребната количина на зелена нафта на сите земјоделци.

Во однос на исплатените субвенции за млеко, Димковски и СДС мора да сфатат дека субвенциите ги воведе Владата на ВМРО- ДПМНЕ и тие се обврска на секоја следна влада кон земјоделците, а не работа со која треба да се фалат за добивање на политички поени.

Имено, за тоа дека земјоделието со СДС тоне се доказ и изминатите протестите на земјоделците од сите краишта на државата.

Владата и СДС се неспособни и не ги решаваат проблемите на земјоделците, напротив тие ги создаваат. Ова мора да заврши“, напиша Трипуновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски