Костовски: Гувернерката Ангеловска-Бежоска свесно ја однесе „Еуростандард банка“ во стечај

Од:

Бизнисменот Трифун Костовски упати јавен повик до државниот врв да помогне во, како што вели, справувањето со неправдата со пропаѓањето на „Еуростандард банка“.

Во писмото, упатено до премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски и до претседателот на Собранието Талат Џафери, Костовски ја обвинува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска дека свесно ја одвела банката во стечај и дека за тоа донела одлука уште пред една година, а во меѓувреме ги поттикнала инвеститорите да вложат дополнителни средства во банката.

Еве го јавниот повик на Трифун Костовски во целост:

„Овој повик до вас, како највисоки државни претставници на Република Северна Mакедонија, е поврзан со стечајот на Еуростандард банка, а е поттикнат и се заснова на вчерашното интервју (во неделникот Фокус, од 03 Септември 2020), на гувернерката на Народна банка на Република Северна Македонија, Ангеловска-Бежоска, во кое таа недвосмислено укажува на фактот дека нејзината намера за ликвидација на Еуростандард банка била донесена повеќе од една година наназад, користејќи го дискреционото право во сопствено име како гувернер, криејќи се зад институцијата Народна банка.

Фактот што вели дека нè поттикнала да вложиме нови 11 милиони евра во банката, прво како субординиран кредит, а на почетокот на годинава докапитализација на банката, ние акционерите сметавме дека е во интерес за стабилизација на банката, а додека госпоѓата Гувернер тој притисок кој го изврши врз нас акционерите, не бил за стабилизација на банката, туку свесна дека ќе ја однесе банката во стечај имала за цел, да ги заштити интересите на клиентите на Еуростандард банка, тоа говори дека нејзините намери биле нечесни.

Гувернерката на Народна банка не покажа волја во ниту еден миг да го удостои потенцијалниот купувач ниту со една средба за негово интервенирање во стабилизирањето на банката.

Недвосмислено се потврди фактот дека вонредната ситуација со пандемијата Ковид-19,која го зафати целиот свет за Еуростандард банка и нас акционерите не важеше. Ве повикувам, како најсилни институции во земјава, да помогнете во
справувањето со оваа неправда, со која најоштетени се армија граѓани во Република Северна Македонија,“ пишува Костовски.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

Орце Костов

Ангеловска-Бежоска: Домашната инфлација и натаму се намалува, но треба да се продолжи со претпазливи политики

Орце Костов

Здружение на оштетени штедачи: И по три години нема одговорност за Еуростандард банка

Фондот за осигурување депозити со известување до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

Ангеловска-Бежоска: Носителите на политиките може да ги ублажат последиците од миграциите

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски