Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино и Росоман

Од:

Министерот за финансии Зоран Ставрески на синоќешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Росоман и во Неготино рече дека во последните пет години се бележи раст на странски и домашни инвестиции.

Според него, во најголем дел од развиените европски држави се преземаат мерки за штедење, се отпуштаат работници, се намалуваат платите, пензиите, се зголемуваат даноците, а во Македонија, рече Ставрески, Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ презема мерки за да се спречи отпуштање од работа.

„Свесни сме дека има луѓе кои се соочуваат со сиромаштија, но презедовме мерки за да нема масовни отпуштања, платите и пензиите не се намалија, ниту социјалната помош,одвоивме 350 милиони евра за капитални инвестиции со кои ги помагаме македонските компании, рече Ставрески.

Тој пред присутните зборуваше и за внесените свежи пари кои ги користеа 712 македонски компании кои креираат 3.200 работни места.

„Уште 500 фирми кои сакаат да добијат пари ќе може да користат нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка“, посочи Ставрески.

Тој на двете трибини најави дека преработувачките капцитети ќе може да користат 11 милиони евра како поддршка и дека социјално ранливите категории граѓани ќе може да конкурираат за државно земјоделско земјиште, а Владата ќе помогне со семенски материјал.

„Владата обезбеди средства за ангажирање на долгорочно невработени лица за извршување на јавни работи во општините со што ќе помогне за привремено вработување на оваа категорија граѓани, рече Ставрески.

Тој ги потенцираше и мерките за самовработување, како и субвенциите кои се нудат за земјоделците во висина од 130 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил“ од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

Горан Наумовски