Три денари интервентна субвенција за производителите на јаболка

Од:

Интервентна субвенција од три  денари за килограм ќе добијат производителите на јаболка што ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од пет денари за килограм, одлучи Владата на денешната седница.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, со новата субвенција не само што ќе им се овозможи на земјоделците да имаат рентабилно производство, туку ќе се создадат услови и за откуп на целата количина произведени јаболка.

– Владата ја донесе оваа одлука за да им се излезе во пресрет на производителите на јаболка особено во преспанскиот регион, кои претрпеа големи штети врз производството поради временските непогоди. Поради штетите од врнежите на град во преспанскиот регион каде се засадени поголеми површини со јаболко и има оштетување на голем дел од плодот, економската вредност на родот е намалена и може да се употреби исклучиво за индустриска преработка, наведува Министерството.

Проценките се дека поголема количина индустриско јаболко нема да може целосно да се преработи во преработувачките капацитети.

– За да се овозможи откуп на целата количина, Владата одлучи да се воведе оваа нова субвенција од три денари за килограм која е резултат на повеќето средби кои министерот за земјоделство Љупчо Николовски заедно со тимот од МЗШВ ги одржа изминатиов период со производителите и откупувачите на јаболка, стои во соопштението.

Се дополнува и дека денешната нова субвенција е петта мерка која Министерството за земјоделство ја носи за овоштарството.

МЗШВ потсетува дека годинава за 20 отсто се зголемени субвенциите за одржување овошни насади за земјоделците со развоен потенцијал, а за реконструкција кај овошните насади, особено кај јаболката за промена на асортимент, се воведе нова поголема субвенција од 9.900 денари. За промена, пак, на производството од житни во овошни култури земјоделците ќе добијат 30 отсто повисока субвенција по хектар. Дополнително, во годинашната Програма субвенцијата за предадено овошје во преработувачки капацитети за овошје е зголемена од два на три денари за килограм.

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов