Трговските центри и продавниците треба да работат и во недела, смета министерот Бектеши

Од:

Некои од дејностите треба „да се извлечат“ од законското решение за недела неработен ден, а токму работата на трговските и туристичките центри е стратешки приоритет на нашата држава и треба да работат и во недела, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

– Имајќи го предвид трендот на изградба на трговски центри, инвестициите кои се прават во таа дејност и приливот на странски туристи во викендите во нашата држава, а посебно од соседните држави, мислам дека многу внимателно треба се разгледа ова прашање и трговските центри да работат и во недела, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Согласно анализата на Министерството за економија, како што посочи тој, во недела би требало да работи и трговијата на мало, а во делот на трговијата на големо одредени дејности можат да не работат во недела.

– Кај оние дејности што ќе работат во недела дневниците на вработените треба да бидат зголемени за најмалку 50 отсто од редовните дневници, истакна Бектеши.

Министерот посочи дека најверојатно повеќето од дејностите во државата нема да работат во недела, но за привлекување на туристи, како што рече, секако дека туристичките центри би требало да работат и во недела.

– Тие дејности кои влијаат на привлекување на туристи и во развојот на туризмот секако дека ќе бидат исклучени од законското решение за недела неработен ден, што е најавено од Министерството за труд и социјална политика, прецизира Бектеши.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

Орце Костов

Бектеши: Победата во ДУИ не се дискутира, со СДСМ не сме блиску до договор за коалиција

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Бектеши: Одлуката за продолжување на рокот на замрзнатите цени дава простор Собранието да го усвои новото законско решение за нефер трговски практики