Трговската размена до октомври 9,4 милијарди евра, пад за 15 отсто

Од:

Вкупно 9 396 015 000 евра изнесува трговската размена на земјава во периодот јануари – септември 2020 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит е 1 282 935 000 евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесува 76 отсто.

Вкупната вредност на извозот е 4 056 540 000 евра и бележи пад од 15,2 отсто во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока изнесува 5 339 475 000 евра, што е намалување за 13,2 процента.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – септември 2020 година најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Би можело да ве интересира

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

Орце Костов

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Македонските дипломати во Кина ќе помагаат на компаниите во нивните извозни активности

Предраг Петровиќ

Зголемен увоз од Северна Македонија во Косово, по мерките на Приштина против Србија

Царина проверува дали увозниците на земјоделски производи приложувале лажни фактури

Орце Костов

Извоз од 1,441 милијарда долари во првите два месеца од годинава