Третина од кредитите на Европската инвестициска банка во 2019 година беа за климатски проекти

Од:

Европската инвестициска банка (ЕИБ) планира од 2025 да посвети половина од своето финансирање на проекти поврзани со борбата против климатските промени и да стане “Зелената банка“ на ЕУ.

Околу 31 отсто од заемите на ЕИБ се дадени за климатски проекти, резултати кои ја потврдуваат амбицијата на Банката да стане климатската банка на ЕУ и со тоа да одигра клучна улога во “Зелениот Пакт“ на ЕУ.

-Сега, кога Европа ја нагласува климатската активност, банката на ЕУ одлучи драматично да ја зајакне својата улога на климатска банка на Европската Унија. За разлика од тоа што веруваат некои, не се бира меѓу климатската акција и конкурентноста, напротив: зеленото е повеќе, а не помалку и можеме да ги зголемиме нашите климатски напори, а истовремено да ја зголемиме поддршката за инвестициите во иднината на Европа“, изјави претседателот на ЕИБ, Вернер Хојер денеска.

Банката на ЕУ во последните месеци донесе неколку клучни политички одлуки во таа насока.

До крајот на оваа година ќе ги усогласи сите своите активности со Парискиот договор, а до крајот на 2021 ќе престане целосно да финансира проекти базирани врз фосилни енергии, вклучително и гасот. Банката ќе работи рака под рака со Праведниот механизам за транзиција на Европската Комисија за да им помогне на најранливите региони на ЕУ успешно да ја реализираат енергетската транзиција кон повеќе одржливи ресурси.

Од 2025 натаму, педесет отсто од кредитите на ЕИБ ќе се даваат само за проекти поврзани со климатските прашања и одржливоста на животната средина.

Со ова, ЕИБ се надева дека ќе влијае позитивно и врз приватните инвеститори да ги ревидираат своите правила на финансирање и да се насочат кон климатски одржлива политика. Банката истовремено продолжува финансиски да го поддржува развојот, социјалната кохезија и конкурентноста на ЕУ, посочи претседателот на Банката денеска.

“Дури 25,5 милијарди евра се дадени за мали и средни претпријатија минатата година, а на располагање се ставени 14,4 милијарди евра за иновација, нови технологии, и поддршка за градење на индустриите на иднината, 15,7 милијарди евра финансии за изградба на модерна инфраструктура за подобрување на животот на луѓето“, стои во соопштението на Банката.

-Климатската акција, кохезијата, создавањето работни место, развојот на финансиите и иновацијата одат рака под рака, рече Хојер.

Би можело да ве интересира

ЕИБ: Позитивни движења во банкарското кредитирање

Ана Ололовска

ЕИБ ѝ додели на Србија заем од 200 милиони евра за да ги ублажи последиците од кризата

Жарко Настоски

ВИДЕО: Поддршка од 100 милиони евра од ЕИБ за македонските мали и средни претпријатија

Ана Ололовска

Алесандро Брагонѕи е нов шеф на претставништвото за Западен Балкан на Европската инвестициска банка

ЕИБ од 2022 година ќе престане да финансира производство на енергија со гас и нафта

Жарко Настоски

Заев – Павлова: Силна поддршка во европската агенда, на стратешките регионални и домашни проекти

Ана Ололовска