Традиционално закројување на лозовите насади

Од:

Лозарите денеска традиционално на денот на Свети Трифун, кој се смета за нивни заштитник, ќе ги закројат лозовите насади.

Винарската визба „Тиквеш“ организира закројување на лозјата на локацијата „Лепово“ каде покрај менаџерскиот тим на винаријата се очекува да присуствуваат и владини преставници.

Закројување на лозјата се организира и во месноста Ајватовци во општина Илинден. Закројувањето ќе почне со божествена литургија во црквата „Свети Трифун“, а во рамки на одбележувањето на празникот, ќе биде избрано и најдоброто домашно вино приготвено на традиционален начин.

Свети Трифун се смета за заштитник на лозјата и овошките. На овој ден лозарите ги поткаструваат младите лозови гранчиња верувајќи дека Св. Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и невреме.

Би можело да ве интересира

Исплатена помошта за лозарите кои имаа предадено, а неисплатено грозје од винарниците

Ана Ололовска

Исплатени субвенции за лозарите

Ана Ололовска

Откупувачите најдоцна до „Свети Трифун” да склучат договори за грозјето, бараат лозарите

Ана Ололовска

Бабовски: Почна аплицирањето за субвенции за произведено и предадено грозје во преработувачки капацитети

Ана Ололовска

Лозарите ќе добијат дополнителни два денара за килограм предадено грозје

Ана Ололовска

Димковски: Лозарите да не потпаѓаат на партиски притисоци

Ана Ололовска