ТИРЗ: Со проверка на исплати на јавни средства го штитиме интересот на граѓаните

Од:

Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони повторно реагира и најостро ги демантира наводите на политичката партија ВМРО ДПМНЕ која, велат од ТИРЗ, продолжува да повторува веќе изнесени невистини поврзани со работата на ТИРЗ.

„Уште еднаш јасно посочуваме дека целта на договорот за „Мониторинг на државна помош“ е да се спроведе внимателна и детална проверка на сите барања за исплата на државна помош токму за да се осигура заштита на јавниот интерес и парите на граѓаните.

Токму преку Дирекција за ТИРЗ, Владата минатата година обезбеди рекордна државна поддршка за компаниите во висина од 720 милиони денари, а трошокот за ангажман на меѓународната ревизорска куќа Прајсвотерхаус Куперс која ги мониторираше исплатите се под 1% од оваа сума“, велат од ТИРЗ.

„Во компаниите во ТИРЗ само во изминативе 12 месеци се креирани околу 1000 нови работни места, за првпат платите во Зоните се 3% над националниот просек, а компаниите во буџетот уплатиле над 2 милијарди денари само по основ на данок на плати и надоместоци, како и социјални осигурување, што е за 12% повеќе од претходната година. Она што охрабрува е дека ваквиот позитивен тренд продолжува и годинава во услови на глобална политичка и економска криза.

Оттука е јасно дека со воведување на вакви механизми ТИРЗ работи единствено во заштита на јавниот интерес. Затоа е нејасно чиј интерес застапува политичката партија ВМРО ДПМНЕ и зошто и кому му пречи проверката на барањата за исплата на државни средства“, соопштуваат од ТИРЗ.

Би можело да ве интересира

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

Орце Костов

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред

ТИРЗ: Скопје се искачи на првото место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање

Деспотовски: Ниту има врска со изборите и техничката влада, ниту е нешто спорно во договорот со „Стентон градба“

Горан Наумовски