„Тинекс“ призна грешка за мувлосаните мандарини доставени на скопјанка во изолација

Од:

Компанијата „Тинекс“ утврдила недоследности во однос на квалитетот на овошјето и зеленчукот и грешки во извршувањето на задачите од страна на лицата одговорни за подготовка на нарачките откако минатата недела скопјанка во домашна изолација јавно се пожали дека по онлајн нарачка добила мувлосани мандарини и лимони и нецелосна нарачка. Од „Тинекс“ велат дека направиле детална анализа на поплаката од скопјанката.

„ Бидејќи ова е редок случај, кој досега не се има случено, одвоивме дополнително време и напори за целосно да биде разгледан и да се добијат сите информации за да се утврди каде е настаната грешката. Разговарано е со дистрибутерот на овошје и зеленчук за нашите маркети и со вработените од нашата интернет продавница и дефинирани се соодветни мерки за спречување на повторување на овој проблем во иднина“, велат од компанијата.

Минатата недела скопјанка во домашна изолација јавно се пожали дека по онлајн нарачка добила мувлосани мандарини и лимони и нецелосна нарачка

За купувачите кои се незадоволни од добиените нарачки, од компанијата велат дека има посебни упатства како треба да постапат објавени на веб – страницата на нивната продавница и нагласуваат дека доставувачите не се лицата кај кои треба да се реагира. Скопјанката која доби мувлосано овошје и зеленчук рече дека се пожалила за производите на имејлот на компанијата, а порака му пишала и на доставувачот.

„ Нашите доставувачи не се обучени за решавање на проблеми и поплаки, па затоа не му одговориле на потрошувачот. Доставувачите постапиле соодветно со тоа што уште истата вечер ги информирале одговорните за поплаката и истата била евидентирана за разгледување во најбрзо време, следното утро“, објаснуваат од „Тинекс“.

Компанијата потврдува дека е можно доцнење на нарачките и добивање нецелосни нарачки.

„ Постојат повеќе фактори кои можат да имаат влијание за ова, но како најчестата причина е фактот дека работиме и доставуваме и за време на полициски час, во услови кога истовремено има голема побарувачка на иста категорија на производи од голем број на потрошувачи, а поради зголемената побарувачка има доцнење и на доставата на нови залихи од страна на добавувачите.
Без разлика дали станува збор за влијание на еден или повеќе од овие фактори, можно е некои производи во моментот на подготвување на нарачката да не бидат достапни во нашиот пункт за подготовка на нарачки“, велат од „Тинекс“.

За да го надминат овој проблем на веб – страницата на продавницата ставиле ознаки кај производите кои се со ограничени количини и може да се случи да не бидат доставени, а оставиле и можност купувачот да одбере заменски производ во рамки на истата цена.

Скопјанката, пак, која минатата недела доби мувлосани производи, вели дека во меѓувреме согласно препораките од надлежните во Државниот пазарен инспекторат, поднела претставка за случајот. На обесштетување од „Тинекс“ се уште чека исто како и на одговор од Инспекторатот.

Би можело да ве интересира

EPA VAPE најдоброто електронско наргиле од денес со промотивна цена во маркетите на Тинекс

А1он

Не се објавуваат име и презиме, позитивните од денес со матичен број си ги преземаат решенијата за изолација од сајтот на ДСЗИ

Маја Илиевска-Пачемска

САД го преполовија рокот за изолација за Ковид

Костадиновска-Стојчевска: Сè ќе издржам, и да ме колнете и да ми пишувате дека ќе одам во затвор, ниту шетавме низ собрание ниту бевме таму за кафе

Мери Јордановска

ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците болни од Ковид-19 да се вратат во изолација, ќе следува кривична пријава

Мери Јордановска

За една недела, биле издадени 13.957 решенија за изолација

Кристијан Ландов