Тевдовски: Праведниот данок ја намалува доходовната нееднаквост и го поттикнува економскиот развој

Од:

Министерот за финансии Драган Тевдовски присуствува на конференцијата: „Даноци, правда и економски развој“, што се одржува во Ереван, Ерменија, организирана од германската фондација „Фридрих Еберт“. Тој во своето излагање ги презентираше македонските искуства за реформирање на даночниот систем, со цел намалување на доходовната нееднаквост и забрзување на економскиот развој.

Министерот Тевдовски е поканет како говорник на конференцијата заради визијата за поправедно општество и кредибилното водење на јавните финансии.

– Само преку создавање на кредибилни институции и одговорно управување со истите можеме да одиме напред. Владата уште од почетокот е посветена на креирање на подобро општество за сите. Целите се подобар животен стандард за граѓаните, напредок на земјата и развој на економијата. Во делот на даноците сме посветени на креирање на праведен даночен систем – изјави министерот Тевдовски.

Тевдовски во својата презентација ги објасни и причините поради кои Владата одлучи кај нас да воведе праведен, прогресивен данок почнувајќи од годинава.

Министерот за финансии во своето обраќање направи споредба помеѓу прогресивните и рамните даноци. Зборуваше за нивните ефекти врз доходовната нееднаквост, јавниот долг и економскиот раст.

Би можело да ве интересира

До денеска одговор од банките по барањето за интерес за заем од 400 милиони евра до еврообврзницата

Ана Ололовска

Ангеловска: Не се разговара за целосно укинување или стопирање на проектот Мој ДДВ

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат опростени или укинати, банкарскиот систем мора да функционира

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Ќе се кратат дополнителни непродуктивни расходи од Буџетот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ангеловска: Имаме три сценарија за справување со последиците од коронавирусот

Ана Ололовска

Стартува ослободувањето на аконтации за данок на добивка и данокот на личен доход за доход остварен од вршење на самостојна дејност

Ана Ололовска