Тевдовски: Од ЕБОР ќе се обезбедат средства за Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар

Од:

Европската банка за обнова и развој ќе влезе во финансирање на изградбата на автопатите Скопје-Блаце и Кичево-Гостивар, односно првата делница Кичево-Букојчани. Ова го најави министерот за фианнсии Драган Тевдовски на Годишните средби на Европската банка за обнова и развој, кои се одржуваат во Сараево.

-На Годишните состаноци на ЕБОР имавме прилика да зборуваме за тековната, но и идната соработка со Банката. Договоривме поддршка за идниот период – изградба на важни патишта во нашата земја. Тоа се автопатот Скопје-Блаце и на Кичево-Гостивар, односно првата фаза Кичево-Букојчани, како и изградба на електронски патарини долж Коридорот VIII и на патот Миладиновце-Штип, рече Тевдовски.

Тој посочи дека се бараат и се обезбедени и грант средства за изградба на овие патишта. За Кичево-Букојчани преку Инструментот за Западен Балкан обезбедени се 20 милиони евра, додека за Скопје-Блаце се очекуваат грант средства од ЕБОР во износ од 27 милиони евра до крај на годината.

– Тоа се неповратни средства. Овие се добри проекти бидејќи ќе се гради инфраструктурата која ќе го придвижи и економскиот раст, но и ќе ги подобри условите за живот на граѓаните во нашата земја, вели Тевдовски.

Инаку ЕБОР во јавниот сектор во земјава финансира најмногу проекти од патната и железничката инфраструктура. Портфолиото на банката во овој сектор изнесува 622 милиони евра.

Тевдовски и премиерот Заев учествуваа на Годишните средби на ЕБОР во Сараево. Средбите се одлична можност за претставување на инвестициските можности на земјата, за разгледување на тековните, но и договорање на идни проекти со Банката.

Би можело да ве интересира

ЕУ најави пакет од 560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот 8

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

Орце Костов

Фатих Туркменоглу нов претставник на ЕБОР во Северна Македонија

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти

СДСМ: Заради ВМРО-ДПМНЕ државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР

Катерина Ѓуровски