Тевдовски: Наскоро решение за складиштењето на нафтените резерви

Од:

Економскиот тим на Владата и пред се Министерството за финансии работи на решавањето на проблемот со надоместокот за складиштење на нафтените резерви кој постои со години и наша интенција е да биде затворен што побрзо, но притоа се водиме правилникот за чување на нафтените резеви да ги штити интересите на граѓаните, порача денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.

Тој во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата посочи дека проблемот сигурно ќе биде затворен годинава и притоа, како што кажа, ќе се определи цена која е во интерес на граѓаните.

-Настојуваме правилникот да биде донесен што побрзо, но правиме се да го заштитиме интересот на граѓаните. Наша интенција е граѓаните да плаќаат што е можно пониска цена, потенцира Тевдовски.

Би можело да ве интересира

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата

Поскапува Еуросупер БС-98, цените на другите горива не се менуваат

Горан Наумовски

Светски берзи: Доларот ослабе, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски

Светски берзи: Зајакнат доларот, цената на нафтата порасна

Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

Катерина Ѓуровски