Тевдовски на Министерска конференција на Светска банка во Виена

Од:

Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе учествува на Министерска конференција во организација на Светска банка, која се одржува во Виена, Австрија. Темата на конференцијата е „Финансиското информирање како катализатор за интеграција“.

Тевдовски утре ќе има обраќање на министерскиот панел, на кој учествуваат и потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер, како и министрите за финансии на Украина и Косово, Оксана Маrкарова и Бедри Хамза.

На Министерската конференција обраќање ќе има и министерот за финансии на Австрија Хартвиг Лоџер, како и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Конференцијата е посветена на значењето на транспарентноста и финансиската одговорност во јавниот и приватниот сектор и реформите за унапредување на финансиските информации. Како што истакнуваат организаторите, реформите во овој сектор придонесуваат за развој на пазарот на капитал, привлекување на странски инвестиции и развој на економијата.

На Министерската конференција учествуваат преку 300 претставници од 13 земји, меѓу кои и министри за финансии, претседатели на регулаторни тела, претставници од академската заедница и бизнис секторот, како и од институциите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот