(ВИДЕО) Тевдовски: Државата должи 22 милијарди денари за неплатени обврски на јавните претпријатија и општините

Од:

Заклучно со 31 мај 2017 година, државата должи вкупно 22 милијарди денари. Само во културата државата должи 2,4 милијарди денари за изградбата на Филхармонија и Драмскиот театар, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.

dobivaj vesti na viber

Како што кажа Тевдовски овие бројки не влегуваат во вкупниот јавен долг на државата, туку станува збор за преземени неплатени обврски.

Според министерот за финансии најголем должник од општините е Охрид. Покрај општините, како должници се јавуваат и јавните претпријатија.

Тевдовски информираше дека неплатени обврски има и во Образованието, конкретно за комуналии за студентските домови, набавки на хигиенски средства и постелнини.

Се бараат пари за да се дополнат овие финансиски дупки, вели Тевдовски.

Тој истакна дека „Македонија Пат“ има неплатени обврски кон УЈП… Од Јавните претпријатија најмногу должи „Македонски железници Транспорт“ – 2,4 милиони денари, а од Јавните здравствени установи најмногу должи Институтот за трансфузиона медицина – 283 милиони денари.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Албанија се задолжи со 650 милиони евра преку еврообврзница

А1он

Јавниот долг благо намален на крајот на 2020 година, на границата од 60 проценти од БДП

Жарко Настоски

Нето долгот на Македонија кон странство достигна речиси три милијарди евра

Жарко Настоски

„Standard & Poor’s“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед

Ана Ололовска

Во МојДДВ отсега повеќе дневни награди, но со помали износи

Жарко Настоски

Народна банка: Надворешниот долг се намалил за 64 милиони евра

Жарко Настоски