Технолошко-индустриска развојна зона во Прилеп

Од:

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за формирање технолошко-индустриска развојна зона во Прилеп.

Зоната ќе биде лоцирана во близина на населеното место Алинци, што се наоѓа на левата страна на магистралниот пат М5, Прилеп-Битола.

Оваа зона ќе се простира на 67,5 хектари, со можност за проширување на уште 35,7 хектари.

Активностите за уредувањето на инфраструктурата во зоната ќе започнат во текот на оваа година и нив ќе ги спроведе Дирекцијата за ТИРЗ.

Минатиот месец Владата одлучи да се формираат технолошко-индустриски развојни зони и во општините Ранковце и Кичево.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил“ од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

Горан Наумовски