Технолошки инвестиции во Велика Британија во вредност од 13 милијарди фунти

Од:

Инвестициите во технолошкиот сектор во Велика Британија се зголемија за 44 проценти до рекордни 13,2 милијарди фунти во 2019 година, што претставува една третина од целокупното европско финансирање во овој сектор, надминувајќи го износот на таквото финансирање во Франција и Германија заедно, соопшти Советот за дигитална економија при британската Влада.

Велика Британија заостанува само зад САД и Кина во однос на финансирање на капитал, но бележи силен раст, додека кај двата најголеми конкуренти има пад, покажуваат студиите.

На локално ниво, пак, Лондон се придружува кон Сан Франциско, Пекинг и Њујорк, како врвни дестинации за најголемо финансирање во светот.

Британскиот министер за дигитални услуги Мет Ворман изјави дека е „фантастично да се види дека Велика Британија и натаму е најдоброто место во Европа за започнување и развој на технолошкиот бизнис, со рекордни инвестиции и создавање осум нови компании за милијарда долари во минатата година“.

Тој исто така посочи дека земјата е во добра позиција, дека не може да си дозволи да биде самозадоволна и мора да обезбеди владината политика да го поддржува технолошкиот сектор.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он