Тајван одобри четиригодишен развоен план за зајакнување на економијата

Од:

Тајванската Влада денеска го одобри четиригодишниот развоен план за зајакнување на нејзината улога во глобалните синџири за снабдување и за промоција на економскиот раст, јави ДПА.

Националниот план за развој за периодот 2021-2024 година има за цел просечен годишен економски раст од 3,4 отсто, намалување на невработеноста на 3,5 отсто и кревање на приходот по глава на жител на 30.000 долари до 2024 година.

Премиерот Су Ценг-Чанг изјави дека документот е „клучен стратешки водич“ за реализирање на предизборните ветувања на администрацијата на Демократската напредна партија (ДДП) на претседателката Цаи Инг-ван.

Според Су, политиките прифатени за време на првиот мандат на Цаи, вклучувајќи ги и промовирањето на индустриите темелени на иновации и програмата за енергетска транзиција, веќе ја намалија економската зависност од Кина и помогнаа економијата да излезе од стагнација.

Планот сега ќе ги потенцира стратешките индустрии што „на Тајван ќе му дозволат да игра пресудна улога во глобалните индустриски синџири за снабдување“ и да обезбеди снабдување со критични ресурси, рече Су, пренсен од ДПА.

Планот предвидува шест основни сектори за градење на економското влијание на Тајван, вклучувајќи ги информациите и дигиталните индустрии, безбедноста на информациите, здравството и медицината, одбраната, зелената енергија и обновливите извори на енергија и потрошувачките и стратешките материјали.

Би можело да ве интересира

Тајван: Ја повикуваме Кина да се соочи со реалноста

Вилијам Лаи е новиот тајвански претседател

Горан Наумовски

Тајван: Кина испраќа шпионски балони над нашиот остров, тоа е психолошка војна

Силен земјотрес го погоди Тајван

САД му испраќа оружје во Тајван

Пентагон: Стејт департментот одобри продажба на воена опрема за Ф-16 на Тајван