Светската побарувачка за енергија ќе се зголеми за 56 отсто до 2040 година

Од:

US Energy Information Administration (EIA) објави најнови анализи во кои се дадени предвидувања поврзани за пораст на побарувачката и производството на енергија како и штетни гасови до 2040 година.

Тие даваат проекција дека користењето електрична енергија на светско ниво ќе се зголеми за 56 отсто до 2040 година. Растот ќе биде воглавно поттикнат во економиите во пораст, вклучувајќи и зголемена благосостојба во Кина, се вели во извештајот.

Светската нето произведена електрична енергија до 2040 година би требала да се зголеми до импозантни 93 отсто – од 20,2 билиони кВч во 2010 на 39 билиони кВч.

Обновливите извори на енергија ќе бидат најбрзо растечки извор за производство на електрична енергија со раст од 2,8 отсто годишно до 2040 година.

Природниот гас и нуклеарната енергија ќе бидат втор најбрзо растечки извор на енергија со зголемување од 2,5 отсто годишно до 2040 година.

Производството на електраните на јаглен и понатаму ќе биде најголем светски извор на електрична енергија до 2040 година и покрај зголемување од 1,8 отсто годишно.

Агенцијата напоменува дека во иднина јагленот како енергетски извор најмногу ќе зависи од националните политики или меѓународни догвоори кои се насочени кон ограничување на емисиите на штетни гасови.

Според американската Агенција, вкупната потрошувачка на јаглен треба да расте за 1,3 отсто годишно од што Кина, САД и Индија ќе бидат задолжени за околу 75 отсто од глобалната потрошувачка.

Зголемувањето на производството од обновливи извори на енергија за 80 отсто се поврзува првенствено со хидроенергија и енергија од ветар – 52 отсто односно 28 отсто до 2040 година. Вкупното производство на електрична енергија од обновливи избори на тој начин би требало да достигне до 5,4 милијарди кВч.

Во извештајот се вели дека емисиите на штетни гасови на светско ниво би требало да се зголеми на 36,4 милијарди тони во 2020 година и 45,5 милијарди тони во 2040 година. Ако се земе 2010 година како референтна година, емисиите на штетни гасови ќе се зголемат за запрепастувачки 46 отсто.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар

Горан Наумовски

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот сектор

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи