Светската банка предвидува забавување на економскиот раст во Европа и Централна Азија

Од:

Економскиот раст во Европа и во Централна Азија лани се намали на 3,1 отсто, а годинава дополнително ќе забави на 2,1 проценти, како последица на глобалното забавување на економијата и неизвесните перспективи, предвидува Светската банка.

Во извештајот на Банката насловен „Најнови економски прогнози за Европа и Централа Азија“, објавен денеска, се посочува дека земјите во овој регион бележат различни стапки на раст на националните економии.

Како земји во кои годинава се очекува најголем економски раст во регионот се посочени Албанија, Полска, Русија, Србија и Унгарија, додека најмал раст од само еден отсто се предвидува за Турција, која во 2017 година имаше раст од 7,4 проценти.

– Европа и Централна Азија се чувствителни на глобалната неизвесност и се соочуваат со неколку долгорочни предизвици, како стареењето на населението, намалувањето на продуктивноста и на инвестициите и климатските проблеми. Овие земји треба повеќе да работат на привлекување на инвестиции, на зајакнување на учеството во глобалните системи на вредности и да се погрижат да обезбедат пристап на поголем број луѓе до финансиските услуги, како банкарски сметки и електронско плаќање, изјави потпретседателот на Светската банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер.

Во извештајот се посочува дека се бележи драматично намалување на процентот на работоспособно население во вкупната популација во регионот, главно поради намалување на стапката на природен прираст од периодот на 90-те години на минатиот век.

Продуктивноста во периодот од 2013, до 2017 година е забавена на 0,8 отсто, а се бележи и нагло забавување на растот на инвестиции. Во некои делови на регионот, посебно во Централна Азија и на Западниот Балкан, посебно се видливи последиците од климатските промени, како суши, поплави и зачестени природни непогоди, се наведува во документот.

Сепак, Светската банка, предвидува забрзување на економскиот раст во 2020 и 2021 година, бидејќи се очекува постепеното заздравување на турската економија да ги надополни умерените активности во Средна Европа.

– Финансиската инклузија може да им помогне на земјите од Европа и Централна Азија во справување со предизвиците, бидејќи пристапот до финансиските услуги ќе го олесни инвестирањето на луѓето во нивното здравје, образование и бизниси, со што ќе се поттикне развојот и ќе се намали сиромаштијата, се заклучува во Извештајот на Светската банка.

Би можело да ве интересира

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија

Светска банка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 отсто, а во 2025 од 2,9 отсто

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра

Македонска економија годинава со раст од 1,8 проценти и инфлација од 9,1 отсто

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија