Светската банка одобри 33,6 милиони евра за БиХ за борба со пандемијата

Од:

Светската банка одобри пакет помош за Босна и Херцеговина во вредност од 33,6 милиони евра, потврдија од канцеларијата на Светската банка во Сараево со објаснување дека сумата е наменета за справување со пандемијата на новиот коронавирус.

Средствата, одобрени преку итен проект наменет за борба со Ковид-19 во Босна и Херцеговина, ќе бидат наменети за зголемување на изолациски капацитети во болниците, набавка на нови кревети за интензивна нега и респиратори.

– Иако пандемијата трае ние бевме во можност да го подготвиме овој почетен пакет помош за да одговориме на пандемијата, изјави Емануел Салинас, шеф на канцеларијата на Светска Банка во Сараево.

Дел од средствата ќе бидат издвоени за 48.000 граѓани, кои се проценува дека се финансиски најтешко погодени од последиците на пандемијата во Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Силен земјотрес во БиХ, епицентарот е на 16 километри од Сараево

Пукање во трговскиот центар во Тузла, полицаец застрела жена

Горан Наумовски