Светска банка: Состанокот на Г7 ќе се фокусира на помошта за Украина

Од:

Министрите за финансии на Групата седум најразвиени земји ќе се состанат во вторник за да разговараат за итна помош за Украина, објави претседателот на Светска банка Дејвид Малпас.

Во интервју за Си-Би-Ес, тој ја нарече неодамнешната руска инвазија „трагедија“ не само за Украина и нејзините соседи, туку и за Русија, каде приходот по глава на жител е намален под оној на Кина.

Според него, изгледите за скок на цените на нафтата и храната предизвикани од конфликтот носат „голема загриженост“.

Малпас рече дека финансиските санкции наметнати од западните земји на Русија – особено исклучувајќи некои руски банки од меѓубанкарската платформа SWIFT што ја олеснува трговијата со други земји – „ги погодуваат банките во Русија, но очигледно не и индустријата за нафта и гас“.

Малпас додаде дека „ако успеат да ја спречат работата на централната банка на Русија, тоа навистина ќе има ефект врз Русија и (нејзините) луѓе“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Нов воздушен напад во Луганск

А1он