Светска банка прогнозира рецесија од -0,4% до најмногу -2% годинава

Од:

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани, и тоа во најоптимистичкото сценарио што го објави денеска Светската банка во својот извештај.

Оваа прогноза претпоставува дека пандемијата со коронавирусот ќе се смири до јуни.

Но, доколку трае цела година, тогаш Светска банка проценува дека падот на бруто домашниот производ годинава ќе надмине -2%.

Краткорочната перспектива, слично на другите земји во регионот, е негативна поради кризата поврзана со КОВИД-19, која ќе предизвика рецесија во 2020 година.

Пандемијата и мерките за ограничување на дрижењето ќе влијаат врз економијата како на страна на побарувачката така и на страната на понудата. Ако епидемијата и рестриктивните мерки на национално и глобално ниво продолжат и во вториот квартал, рецесијата ќе биде потешка и ќе ги елиминира подобрувањата на пазарот на трудот од последните години и ќе ја продлабочи фискалната ранливост“, пишува во најновиот извештај на Светската банка.

Споредено со земјите од регионот, прогнозата за македонската економија е најоптимистичка. Првото сценарио кое засега го зема предвид Светската банка, превдиува пад на економијата од дури -6,2%, Бугарија -3,7%, Босна и Херцеговина -1,9%, Косово -1,6%, Црна Гора -1,5%, Албанија -1,3%, Србија -0,5%.

Од Светската банка анализираат дека економските и социјалните мерки за ублажување на влијанието од кризата ќе бидат приоритетни додека пандемијата не се стави под контрола, но во периодот на закрепнување по рецесијата ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавите политики за одржливо забрзување на економскиот раст.

„Светската банка ја финализира програмата на активности за да ѝ помогне на Северна Македонија да се справи и да го намали влијанието од кризата, што вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија. Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра“, велат од оваа меѓународна финансиска институција.

Првичната прогноза на Светската банка за македонската економија пред да се појави пандемијата со коронавирусот беше раст од 3,2%.

Би можело да ве интересира

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија

Светска банка: Македонска економија годинава со раст од 2,5 отсто, а во 2025 од 2,9 отсто

Светска банка ќе поддржи макроекономски и климатски реформи во Македонија со заем во вредност од 93,8 милиони евра

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

Орце Костов

БДП зголемен за 2,2 отсто соопшти Статистика