Светска банка: Пандемијата силно ги погодува економиите од Западен Балкан

Од:

Државите од Западен Балкан ќе доживеат реален пад на бруто домашниот производ (БДП) од 4,8 проценти во 2020 година поради пандемијата на коронавирусот, а таа ќе има најсилен ефект на економиите на Црна Гора, Косово и Албанија, се вели во најновата анализа на Светска банка.

Според таа проценка, објавена денеска, Србија, БиХ и Северна Македонија ќе претрпат најмала штета.

Редовниот економски извештај на Светска банка (РЕР) ги коригираше проценките направени во април, со оглед на новиот бран на пандемијата и последиците што претходно беа невозможни да се предвидат.

Прогнозите за пад на БДП сега се во просек полоши за 1,7 проценти, но има големи разлики меѓу земјите.

За Црна Гора, негативната стапка на БДП се проценува на дури 12,4 проценти, додека за Србија и БиХ е 3, односно 3,2 проценти.

Лошите прогнози за Црна Гора донекаде ги омекнуваат проценките дека државата најбрзо ќе закрепне меѓу сите земји од Западен Балкан во 2021 година, па Светската банка предвидува стапка на раст на БДП од 6,9 проценти.

Анализите за следната година се исто така оптимистички за Албанија, која може да забележи раст на БДП од 5 проценти, додека за другите земји во регионот се предвидува стапката да се движи од 3 до 3,7 проценти.

Би можело да ве интересира

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија