Светска банка одобри заем од 200 милиони евра на Хрватската банка за обнова и развој

Од:

Одборот на директори на Светска банка одобри заем од 200 милиони евра на Хрватската банка за обнова и развој (ХБОР) за хрватскиот проект за помош на ликвидност (ХЕАЛ),соопшти Светска банка.

Тој заем ќе обезбеди средства за ликвидност и финансиско преструктуирање на компаниите погодени од пандемијата Ковид-19 и минатогодишните разорни земјотреси.

„Одобрувањето на тој проект е исклучително важно бидејќи обезбедува поддршка за компаниите погодени од кризата поради пандемијата, обезбедува зачувување на работните места и поттикнува закрепнување на економијата. Покрај тоа, ова ќе ги охрабри комерцијалните банки да го финансираат приватниот сектор и ќе го олеснат кредитирањето од други меѓународни финансиски институции и ќе придонесат за зголемување на оперативната ефикасност на ХБОР. Важно е да се нагласи дека Светска банка го одобри овој проект под многу поволни услови“, изјави хрватскиот вицепремиер и министер за финансии Здравко Мариќ.

Со цел да се ублажат повеќекратните последици од пандемијата, проектот ќе поддржи извозно ориентирани компании, и тоа – мали и средни (до 250 вработени) и средно-капитализирани компании (од 250 до 3.000 вработени).

Проектот ќе ја зголеми достапноста на финансирање за компании во помалку развиените области на Хрватска, компании во сопственост или управувани од жени и млади компании кои работат помалку од пет години.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он