СУТКОЗ, УПОЗ, АГРО, СИЕР, СОБ И МЕСО со порака до работниците

Од:

СУТКОЗ, УПОЗ, АГРО, СИЕР, СОБ И МЕСО на сите работници во Македонија им го честитаат 1 Мај, Денот на трудот и им посакуваат поголеми плати и работнички права, подобри услови за работа и подобар живот за кои ќе се изборат заедно со нив.

– Од денеска имаме нов портал кој се вика синдикалец. На него деноноќно може да се пријави притисок кон работата, неправилности, мобинг и да се побара правна помош анонимно или со име и презиме. Ние во рок од 24 часа ќе одговориме и ќе пружиме правна помош, рече претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски на денешната прес-конференција.

Тој оцени дека во последните осум години дошло до значајно намалување на правата на работниците што, како што рече, се должи на спрегата меѓу синдикатот и политичките партии.

– Синдикатот стана опашка на власта и голем дел од работничките права се изгубени, нагласи Димовски.

Претседателот на АГРО, Живко Данески рече дека минималната плата од 10.080 денари во Македонија не ги задоволува ни основните потреби на вработените и додаде дека во индустријата во минималната плата не се влезени храната и превозот.

– Доколку се одбијат храната и превозот излегува дека работниците во стопанството работат за 4.000 денари. Во последниов период најчесто работниците не работат пет дена неделно, туку шест, па дури и седум и имаат продолжено работно време. Тоа покажува дека работниците не работат осум часа, туку подолго, а тоа не е платено, рече Данески.

Нагласи дека доколку се додадат храната и превозот минималната плата треба да биде околу 300 евра, што, како што рече, се уште е недоволно, бидејќи месечната синдикална кошничка за едно семејство е 33.000 денари.

– Затоа треба да се избориме за еден друг тип на минимална плата која нешто ќе направи за нашите семејства, потенцира Данески.

Ристо Ајтов од Синдикатот за одбрана и безбедност, како што рече, иако добил решение дека повторно е вратен на чело на Синдикатот не може да влезе во просториите во зградата на ССМ.

– Ние функционирме и понатаму без разлика на просторните услови, а тоа го знае и членството, рече Ајтов.

Генералниот секретар на СИЕР Марија Анчева посочи дека индустриските работници во целиот свет се основата на синдикалното движење, а кај нас случајот не е таков.

– Синдикатите во целиот свет се здружуваат за поголема сила и моќ за да бидат во состојба да делуваат на зачувувањето и одбраната на работничките права. Македонија е една од ретките земји во светот каде синдикатите се уште се разединуваат. Тие порцеси се потпомогнати од поединци кои влијаат на разнебитување на синдикатот, потенцира Анчева.

Би можело да ве интересира

Ваучери за брак, слободен ден за роденден: Дефицитот од работници ги принуди фирмите да ги зголемат бонусите

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

Нема смртност кај свињите кои се одгледуваат на фармата во која еден работник почина, а друг е во тешка состојба по труење со хемиска материја

Орце Костов

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии