Сугрески: Околу 70 милиони евра за инвестиции во Општина Битола

Од:

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на својот фејсбук профил напиша дека Владата предводена од СДСМ предвиде системски план за финансирање и реализација на инфраструктурна ревитализација на општините.

– Во Пелагонискиот регион во овој период се остваруваат капитални инвестиции првпат по неколку децении. И Општина Битола е дел од владината стратегија за забрзан урбанистички развој. Направивме огромни капитални инвестиции и вложивме сериозни средства за подобрување на целата инфраструктура, од изградба на канализации и водоводи, преку реконструкција на патиштата, изградба на железницата до Кременица, гасоводот и ред други капитални проекти, напиша Сугарески на фејсбук.

Министерот за транспорт потсети на дел од капиталните проекти што се работеле за Битола. Завршена е рехабилитацијата на регионален пат Битола – Новаци во должина од 10 километри и во вредност од 1 милион евра, рехабилитацијата на обиколница на Битола во должина од осум километри, со вредност од 1,53 милиони евра, клучка Крклино со влез во Битола, вредност 320 илјади евра. Завршена е рехабилитацијата на регионалниот пат Битола – Демир Хисар во должина од 10 киломертри и во вредност од 1 милиони евра, рехабилитацијата на регионалниот пат Прилеп – Тополчани – Битола, 15 километри, со вредност од 1 милион евра.

Саниран е мост на државен пат во Р2338 на река Елешка близу Меџитлија, вредност од 48 илјади евра и санирано е свлечиште на обиколница Битола во вредност од 230 илјади евра.

Сугарески пишува дека активно се работи на изградба на звучни бариерина обиколница Битола во вредност од 500 илјади евра, проектирање за изградба на нов експресен пат од Битола до Меџитлија, подготовка за рехабилитација на постоечкиот регионален пат од Битола до Меџитлија во вредност од 3 милиони евра, подготовка на рехабилитација на регионален пат Битола–Демир Хисар, вредност од 1,7 милиони евра.

Се работи и на реконструкција на регионален пат Бистрица – Породин во вредност од 230 илјади евра, планирана е реконструкција на регионален пат во (село Брод)–Бач–Меџитлија во вредност до 160 илјади евра и реконструкција на регионален пат Битола-Маково во вредност од 180 илјади евра.

– И тоа што е најважно за општина Битола обезбедивме 1,4 милиони евра за реконструкција на улиците низ општината, напиша Сугарески.
Во делот на комуналната сфера, завршена е реконструкција на водоводната мрежа во село Лавци, вредност 40 илјади евра, изградба на систем за водоснабдување на населени места Секирани, Габалавци и Лопатица, вредност од 143 илјади евра, реконструкција на водоводна мрежа низ село Породин и изградба на доводен цевковод, вредност 83 илјади евра.

– Активно работиме на реконструкција и изградба на водоводни и канализациски линии на улиците „Илинденска“ и „Партизанска“ во вредност на инвестицијата 600 илјади евра.

Објавивме тендер за изградба на отворен канал на сливни води со делумно негово затворање од ул. „Лавчански пат“ низ „15-ти Корпус“, низ СРУ1 во АРМ 1 покрај стадион до Буковски гробишта- дел 4. Вредност на инвестицијата 630 илјади евра, напиша Сугарески.

Министерот Сугрески информира дека се работи на реконструкција на дел од улица „Љубојно“ како дел од Декадата на Ромите, а во делот на гасификацијата интензивно се гради магистралниот гасовод од Неготино до Битола во вредност од 36,4 милиони евра.

Се планира изградба на гасовод Битола – Охрид, а во делот на железницата, како што напиша, ја изградивме пругата Битола – Кременица во должина од 16 километри и вредност од 21 милион евра.

– Или грубо земено околу 70 милиони евра, историски најмногу инвестиции од било кога за Битола, напиша Сугрески на фејсбук.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска