Сугаревски: Министре, што е ова заплашување на земјоделците?

Од:

Ден по завршувањето на првата надзорна расправа за земјоделство, во Факултетското земјоделско стопанство Трубарево , министерот испратил инспекција. Овој случај на надзорната расправа беше посочен како пример за исполнување на сите услови за добивање на субенции но и покрај тоа три години по ред никако да ги добие парите. Зборувајќи за измените на Законот за земјодeлство и рурален развој, ова обвинување го кажа пратеникот од СДСМ Горан Сугаревски

„Наместо на Факултетското земјоделско стопанство да му се исплатат тие 200. 000 евра,  колку што до сега требало да добие и за кое има судско решение, вие министре му пративте утредента инспектори. Што е ова заплашување, начин на дисциплинирање на земјоделците и агробизнисмените“-,праша Сугаревски.

Министерот се огради од нападите на негова адреса со образложение дека одлуката кој и колку пари ќе добие зависи единствено од Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој
„Министертвото дава само на барање на апликантите издава потврда за платени давачки кон државата. Не сум јас тој што испратил инспекцијата во Факултетско стопанство Трубарево, бидете сигурни во тоа “,  му одговори министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Сугаревски го праша министерот тогаш кој е во министервото главен, кој е покомпетентен од него и да не си ја префрлаат топката кој е виновен. Ако вие немате увид како се делат парите , како тогаш излегувате да зборувате за субвенциите и исплатата.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Стеванаџија рече  дека СДСМ ги злоупотребува земјоделците и дека во нивно време немаат ништо направено. Откога е владата на Груевски само од субвенциите за тутунот во општина Прилеп влегуваа 40 милиони евра, е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија ги замоли пратениците да не ја пренесуваат надзорната расправа на седницата и да дебатираат само за измените на Законот за земјоделство и рурален развој.

Барањето на пратениците од опозицијата беше преку амандман да се овозможи поголема транспарентност на доделувањето на субвенциите . Бараат  извештај кој наместо еднаш годишно,  министерството ќе има обврска да го изготвува и доставува до владата два пати годишно.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови