Сугарески задоволен од реализацијата на капиталните инвестиции во вториот квартал

Гледајќи ги последните бројки од вториот квартал, можам да кажам дека сум исклучително задоволен од реализацијата на капиталните инвестиции во ресорот транспорт и врски, порача денеска министерот Горан Сугарески.

– Кога го гледам процентот на гасификација што бил исклучително мал во првиот квартал зашто во јануари и во февруари не се работело поради немање градежна сезона, сега имаме ситуација каде има реализација од 26,7 отсто во првите четири месеци. Со мај и со јуни ќе има сериозна бројка, можеби преку 40 отсто и повеќе. Искористувањето во делот на гасификацијата се очекува до октомври да биде 100 отсто исполнето, рече Сугаревски, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на конференцијата „Квалитетна арматура – безбедни градби“ што се одржува денеска во хотелот „Хилтон“.

Појасни дека во буџетските капитални инвестиции не влегува Јавното претпријатие за државни патишта кое, како што рече, во моментов има 120 отсто повеќе истрошено средства од ланската година. – Ако лани биле една милијарда и седумстотини милиони денари, во моментов се близу четири милијарди денари, како податок на 16 мај. Денес треба да ги имаме и новите податоци, рече Сугаревски.

За железницата кон Бугарија, пак, за која се зборува 30 година, Сугаревски најави дека првата делница Куманово – Бељаковце треба да биде завршена до Нова година. За втората делница, за која има обезбедено грант од околу 70 милиони евра, сега се врши квалификација на кандидатите кои треба да работат, а Сугаревски вели дека очекуваат наскоро да почне изградбата.

– Преку Министерството за финансии очекуваме да се обезбедат дополнителни средства за третата делница, од Крива Паланка до бугарската граница, рече Сугаревски.

Тој очекува сериозно зголемување во делот на капиталните инвестиции, по сите основи, за патната, железничката инфраструктура и гасификацијата, како и 100 отстотна искористеност на средства во ресорот социјални станови.

– Во ресорот транспорт и врски очекувам сериозна реализација на капитални инвестиции, без најавените или ненајвените ребаланси, рече Сугаревски.

Прашан за случувањата во СДСМ, Сугрески изјави дека кадрите на партијата во голема мера одлично ги исполнуваат своите обврски. Очекува за 15 до 20 дена целокупниот процес во СДСМ да биде завршен и најави дека ќе бидат посветени на тоа 2019 да биде економска година.

Би можело да ве интересира

Почина директорот на МЖ Транспорт Шабан Зендели

Ана Ололовска

ВИДЕО: Официјално пуштен во употреба автопатот Миладиновци-Штип

Ана Ололовска

Михајловиќ: Во проектот на брзата пруга Белград-Будимпешта сакаме да ги вклучиме и Северна Македонија и Грција

Ана Ололовска

Безбедноста во патниот и железничкиот сообраќај пред Комисијата за транспорт

Ана Ололовска

„Визер“ воведува нов лет од Охрид до Дортмунд

Ана Ололовска

Започна изградбата на пругата Приштина – Генерал Јанковиќ, Харадинај бара линија за Драч