Сугарески: За железницата 3,4 милијарди денари, 80 проценти повисок буџет за гасификација

Од:

За железничка инфраструктура со буџетот за следната година се планира да бидат потрошени 3,4 милијарди денари, како и да се реализираат за 80 проценти повеќе активности за гасификација.

Се најавува деблокирање на изградбата на првата делница од пругата кон Бугарија на потегот од Куманово до Бељаковце, за што ќе се потпише анекс на Договорот за изградба, како и повторен тендер, избор на изведувач и старт на градежни работи за втората фаза од Куманово до Крива Паланка.

Со тоа, според министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, првата фаза од пругата, од која се изградени само осум километри, ќе биде готова за 16 месеци, а втората фаза би завршила до 2021 година.

Планираните 3,4 милијарди денари се за пругата долж Коридорот 8, предвидено е тековно одржување на пругите и станиците, а со крај на годинава се очекува да биде готова пругата Битола – Кременица.

Првата делница од пругата кон Бугарија на потеготот од Кумано до Бељаковце, како што потсети Сугарески, требаше да биде готова пред 25 месеци. Работите на терен ги закочија бројни експропријации и нерешенеи имотно-правни рабопти.

– Имавме интензивни средби со изведувачот, ќе се потпише анекс на договорот со цел да се диманизира процесот на активности којшто беше закочен во изминатиот период. Во најголем дел експропријациите се завршени така што очекуваме со потпишувањето на тој анекс комплетно тој дел во наредните 16 месеци да биде завршен. За втората делница од Бељаковце до Крива Паланка, имаме ретендерирање и очекуваме старт на работата и затоа е предвидена оволкава ставка. За оваа делница се обезбедени 145 милиони евра, од кои 70 милиони евра грант од Европската унија, а останатите заем. Очекуваме дека до 2021 година ќе биде готова и втората делница, рече Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција за Предлог-буџетот за 2019 година.

Од обезбедените 26,2 милијарди денари за капитални инвестиции, за патната и железничката инфраструктура се наменети 5,2 милијарди денари.

Како што потенцираше вицепремоерот Кочо Анѓушев, покрај железничките, одблокирани се и патните инфраструктурните проекти, што дава сигурност за реализација на БДП за следната година. Деблокирани се работите за изградба на автопатот Кичево-Охрид, во интензивна градба се повеќе експресни патишта во источниот и западниот дел на државата Штип-Радовиш, Штип-Кочани, Крива Паланка, кај Прилеп…

– Сите овие прокети ни даваат за право дека градежништвото ќе има сериозен импакт врз економијата следната година, рече Анѓушев.

Напоменувајќи дека во последните месеци се работи интензивно на гасификацијата, откако биле надминати техничките и правите проблеми тој најави дека Владата очекува следната година за 80 проценти поголема реализација во изградбата и конечно разрешување на проблемот за систем операторот за гас со спојување на Македонски енергетски ресурси со ГАМА.

На новинарско прашање дали дали очекува поивторни блокади од граѓанските организации за изградбата на гасоводната делница низ планината Водно, вицепремиерот рече дека очекува тие да имаат разбирање за страшката важност на проектот и да бидат партнери во активностите.

– Гасификацијата е стратешки проект и Владата ќе биде посветена да го изгради со минимален импакт врз животната средина. Се разбира невладините организации, еколошките здруженија, можат да прават активности какви што тие ценат дека треба да прават, но ги повикувам и змолувам да имаат разбирање за стратешкиот пристап на Владата и стратешката важност на овој проект и да бидат наши партнери, рече Анѓушев.

Би можело да ве интересира

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Редовна железничка линија за транспорт на контејнери од пристаништето во Солун до Скопје

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Во прекин железничкиот сообраќај, вработените од влеча на возови бараат исплата на априлската плата

Возовите стојат пет дена, протестира машинскиот персонал

По објавата на „А1он“: Превозниците кои плаќаа казни за лиценца која не постои повикани на средби во економија и транспорт и врски

Орце Костов