Сугарески: Неселективна примена при постапувањето по дивоградбите

Од:

Нема никакви калкулации кај државата кога се работи за уривање на дивоградбите на Охридското Езеро. Независно која и да е општината, мора да се постапува согласно донесените решенија и заклучоци. Ние инсистираме општините, но и Државниот инспекторат да постапува по донесените решенија. Тоа денеска од Охрид го посочи министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, а во врска со уривањето на дивоградбите на крајбрежјето на Охридското Езеро, но само во делот на Општина Охрид, а не и на струшкиот дел.

-Како ресорен министер дадов на разгледување закон. Согласно деловникот на собранието и законите, покрај Владата предлагачи на закон можат група пратеници, па и десет илјади избирачи. Министерството уредно го изготви законот, но истиот не беше донесен, причините треба да се бараат во Собрание. Тоа беше ланската година кога сите координатори на пратеничките групи лично им го доставив. Доколку сакаа можеа да го донесат, дури и во скратена постапка, со цел извршната власт да го имплементира, појасни Сугарески.

Тој повтори дека нема разлика на дивоградби во Охрид или во Струга. Законите, како што истакна, важат еднакво, ако постапува еден, мора да постапува и другиот градоначалник.

-Градоначалниците, општинските градежни инспекторати треба да постапуваат согласно законите. Доколку тие механизми затаат за соодветни предмети, Државниот градежен инспекторат може да постапува со поединечни акти, заради непостапување. Токму од тие причини беше направена децентрализацијата во 2005 година, за да можат општините да менаџираат. Дали ќе постапи некој или не, постојат инспекторати кои по соодветни предмети можат да интервенираат, рече Сугарески.

Министерот за транспорт и врски уште еднаш нагласи дека е ирелевантно чии се дивоградбите, нагласувајќи дека најважно е да нема селективност во постапките.

-Каде градоначалникот нема ингеренции, ингеренции има Државниот градежен инспекторат. Државните инспектори се на терен во регионот, рече Сугарески.

На охридскиот дел од крајбрежјето на Охридското Езеро и денеска продолжија активностите за уривање на дивоградби. Во присуство на инспектори се урива поголем објект, хотел на излезот од градот на стариот пат кон Струга.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески рече дека се постапува согласно позитивните решенија, процесот на отстранување на дивоградбите засега се одвива непречено, без поголеми проблеми.

-Решенија за уривање има доста, покрај активностите за отстранување урбана опрема, сега имаме дополнителни средства така што почнува и отстранувањето поголеми објекти на крајбрежјето, рече Георгиески, појаснувајќи дека се спроведува засилен инспекциски надзор на терен и ќе биде отстранет секој објект за кој има решение за уривање.

Би можело да ве интересира

Сугрески: Околу 70 милиони евра за инвестиции во Општина Битола

Ана Ололовска

Сугарески: Почнува проектот од 70 милиона евра за изградба на преку 400 километри локални патишта

Ана Ололовска

Најавено решение за проблемот со водоснабување на 1 500 жители на Раштани и Бузалково

Ана Ололовска

Во тек е втората фаза од обновата на патот Пониква – Кочани

Ана Ололовска

Сугарески: За еден месец тендери за патот Фариш-Прилеп и за експресниот пат Фариш-Дреново

Ана Ололовска

ВИДЕО: Охрид со булдожери продолжи да ја урива бетонската база на Нефи Усеини