Сугарески: Наскоро првиот тендер за проектот „Македонија без кал“

Од:

До крајот на мај или почетокот на наредниот месец се очекува распишување на првиот тендер за инфраструктурен проект на Владата, „Македонија без кал“, најави денеска во Свети Николе министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Станува збор за 15 до 20 општини, согласно оние најспремни проекти коишто се, а потоа за месец до два ќе се распишува и вториот и третиот тендер. Значи сите активности очекуваме да почнат од следниот месец, со распишување на првите тендери се со цел да по завршувањето на нив да отпочне со изградба на улици и патишта, рече Сугарески.

Прашан за изградбата на брана на река Отиња, кој е во фаза на коригирање на одредени забелешки од ИЗИС, Сугарески истакна дека не сака никој да му ги вади изјавите од контекст, бидејќи никаде во последната изјава дадена во штипскиот регион не спомнал ревизија на проектот. Според него, станува збор за проект на Општина Штип, за кој пред да се достави барањето за добивање на градежната дозвола, треба да се комплетира и оваа документација.

– Моите очекувања се штом целосно биде доставена документацијата од општината, ќе биде разгледана дали е се во ред и потоа да се издаде одобрение за градба, а во Министерството за транспорт и врски се предвидени средства за изградба на браната на река Отиња. Не сакам да бидам ваден од контекст никаде, изјава Сугарески

Изградбата на брана на река Отиња, која треба да се одвива во временски период од три години, чини околу 7,5 милиони евра, а за оваа година од буџетот на Владата се предвидени 200.000 евра.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска