Субрата Рој се предомисли, не си оди денеска

Од:

Индиската делегација, предводена од мултимилијардерот Субрата Рој, која во моментот престојува во Македонија го продолжи престојот во Македонија и останува наместо до денеска, до вторник.

Дел од делегацијата е на разговори во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а другата во Охридско-преспанскиот регион каде се разгледуваат туристичките потенцијали.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо информира дека денеска дел од делегацијата директно ќе ги разгледа уште еднаш потенцијалните локации за туристичките зони околу Охридско Езеро и Преспанскиот регион.
Заинтересирани се да го видат и охридскиот аеродом и да се запознаат со неговите технички перформанси.

Утре Индијците ќе вршат анализа и ќе побараат дополнителни информации за рудните потенцијали.

Индискиот мултимилијардер Субрата Рој во петокот најави дека планира да инвестира во Македонија и оти тоа ќе биде голема инвестиција. Делегацијата требаше денеска да си оди од Македонија.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов