Студенти на Факултетот за туризам во Охрид освоија Гран при и пет медали на 18. Меѓународен гастрономски натпревар во Истанбул

Од:

Тимот студенти на насоката Гастрономија од Факултетот за туризам и угостителство-Охрид забележа голем успех на XVIII Меѓународен гастрономски натпревар во Истанбул, Република Турција освојувајќи Гран при награда и пет медали, од кои две златни, една сребрена и три бронзени медали во индивидуална категорија.

dobivaj vesti na viber

Екипата студенти од ФТУ-Охрид, ја сочинуваа Христијан Јорданоски, Роберт Тодорчев и Стефан Аврамоски.

-Денеска, на последниот натпреварувачки ден, тројцата студенти од ФТУ-Охрид ја освоија и највисоката награда во категоријата „мистериозна кутија“ (Black Box), имајќи само 30 минути време да подготват врвен специјалитет со непознати намирници. Организаторот на фестивалот ги одликува македонските натпреварувачи со златни медали и им ја врачи Гран При наградата „Златно Тавче“, соопштуваат од ФТУ Охрид.

Селектор на екипата е доц. д-р Климент Наумов, кој од неодамна е назначен за раководител на студиската насока Гастрономија при Факултетот за туризам и угостителство од Охрид. Во изминатиот период тимот трудољубиво работеше и вежбаше во факултетскиот кабинет по готварство под менторство на професорот Наумов, а во координација со м-р Момчило Цониќ од Лесковац, Србија, експерт од областа на готварството и докторанд на Охридскиот факултет.

-Сите тројца студенти учествуваа во категоријата сениори-практично во силна конкуренција од преку 700 натпреварувачи. Овие достигнувања на нашите студенти претставуваат огромен успех во промоцијата на македонската гастрономија во светски рамки, наведува професорот и ментор Наумов.

Mеѓународниот гастрономски фестивал Истанбул, кој по 18-ти пат го организира Федерацијата на готвачи и шефови на кујни на Турција (COCFED), се одржа во Евроазискиот Саемски Центар (Avrasya Fuar Merkezi). Настанот беше во заедничка организација со Светската асоцијација на здруженија на готвачи (WACS). На овогодишниот фестивал учествуваа повеќе од 3 500 натпреварувачи од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Албанските туристички работници бараат укинување ковид мерките

А1он

Иконому: Не се загрижувачки последиците од војната врз грчкиот туризам

А1он

Руско-украинскиот конфликт ќе го погоди албанскиот туризам со најмалку 100 милиони евра

А1он

Матиќ: Србија оствари рекорден девизен прилив од туризмот во 2021

А1он

Отворен Саем за туризам во Скопје

Ана Ололовска

Дојран креира понуда за привлекување туристи во текот на цела година

Ана Ололовска