Струјата поскапува за 9,48%

Од:

Цената на струјата од први јануари се зголемува за 9,48 отсто, соопшти Марко Бислимовски од Регулаторната комисија за енергетика.

Тој вели дека цената на струјата требало да се зголеми за многу повеќе, односно 25% поскапа, но сепак биле направени напори за да се дојде до овој процент.

Освен покачувањето на цената, она што е новост е и укинувањето на дневната евтина струја.

Евтината тарифа ќе продолжи да важи во ноќните часови и во недела.

„Енергетските компании побараа зголемување од скоро 38 %, РКЕ одобри 9,48%. Врз основа на направените анализи во РКЕ и предлог мерките за заштита на потрошувачите од ценовниот шок, Регулаторната комисија за енергетика за прв пат поради вонредната кризна состојба во енергетиката активираше механизми со кои кај МЕПСО РКЕ одби трошоци во износ од 1,3 милијарда денари (20 милиони евра). Kaj Електродистрибуција скратени се 5 милијарди денари (80 милиони евра). Дневната евтина тарифа се укинува поради енергетската криза, но останува ноќната евтина тарифа и евтината тарифа преку цел ден недела. Доколку евтината дневна тарифа останеше, цената ќе се зголемеше за дополнителни 5 %. Сакам да упатам неколку пораки, затоа што состојбата е деликатна. Во време кога цела Европа е во енергетска криза и цените на светските берзи уриваат рекорди, освен дел од приватните компании кои покажаа општествена одговорност и ја оптимизираа потрошувачката, ги повикувам и државните институции веднаш да направат план и програма за ефикасна употреба на енергијата, односно да применат мерки за заштеда во институциите. Заштеда од барем неколку проценти на енергија на ниво на држава во услови кога цената на електрична енергија на берзите достигнува и до 600 евра за MWh е најмалата работа што може да се направи. Денеска нема рестрикции во снабдувањето со електрична енергија ниту пак цената е зголемена за неколку десетици проценти како што најавуваа некои експерти“ изјави Бислимоски.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов